• среда, 13 ноември 2024

Евролигата доживотно суспендира навивач поради расистички коментари кон судијата

Евролигата доживотно суспендира навивач поради расистички коментари кон судијата

Барселона, 17 декември 2023 (МИА) - Евролигата изрече доживотна забрана за пристап на натпревари под нејзина организација на навивач поради расистички коментари упатени до еден од членовите на судискиот тим на натпреварот во петокот од 14. коло меѓу Олимпијакос и Валенсија (56:63).

- Евролигата, Олимпијакос и сите клубови се посветени на промовирање на различноста и почит. Се стремиме кошарката да ги обедини навивачите и да примени политика на нулта толеранција на нашите настани за какви било активности што се во спротивност со овие вредности, се вели во соопштението на Евролигата.

На 15 декември, за време на натпреварот од Евролигата Олимпијакос - Валенсија, во последната минута од натпреварот, црниот судија од Франција, Жозеф Бисанг, ја прекина играта и отиде на записничката масата, барајќи да се забележи дека бил изложен на расни навреди. Конкретно, му беа изговорени зборовите „Оди во пеколот, црн мајмун“.

Исто така, се известува дека Олимпијакос го откажал сезонскиот билет на навивачот по инцидентот и најавил дека ќе му биде забрането да присуствува на натпреварите на тимот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан