• четврток, 26 декември 2024

Евролигата ги казни Црвена ѕвезда, Партизан и Кендрик Нан

Евролигата ги казни Црвена ѕвезда, Партизан и Кендрик Нан

Барселона, 13 февруари 2024 (МИА) – Дисциплинската комисија на елитната кошаркарска Евролигата донесе одлука парично д аги казни Црвена ѕвезда, Партизан и Кендрик Нан.

Евролигата објави дека Црвена Звезда е казнета со 30 илјади евра поради „повторените инциденти предизвикани од навивачите“. Инцидентите се случиле за време на средбата со Жалгирис во Белград одигран пред четири дена.

Конкретно, навивачите на српскиот клуб фрлаа разни предмети на теренот, напаѓајќи ги противничките играчи и судиите.

Вториот евролигашки српски тим, Партизан, беше казнет со 3.000 евра откако неговите навивачи навивачи фрлаа предмети на теренот за време на натпреварот против Баерн Минхен.

Дефанзивецот на Панатинаикос, Кендрик Нан е казнет со 2.500 евра поради критикување на судиите во Евролигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан