• среда, 27 ноември 2024

Еврокомесарот Шмит фаворит за „шпиценкандидат“ на европските социјалисти 

Еврокомесарот Шмит фаворит за „шпиценкандидат“ на европските социјалисти 

Брисел, 16 јануари 2024 (МИА) - Еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит се наметна како фаворит за кандидат на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) за претседател на Европската комисија, откако зад неговата кандидатура застанаа Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), јави дописникот на МИА од Брисел. 

Крајниот рок за поднесување на кандидатурите за „шпиценкандидат“ на ПЕС истекува утре, по што партијата треба да соопшти кој од номинираните ги исполнуваат условите. Според партиските правила, кандидатот треба да биде номиниран од една партија полноправна членка на ПЕС и да добие поддршка од најмалку осум други. Конечната одлука околу изборот на партискиот кандидат ќе биде донесена на Конгресот на ПЕС закажан за 2 март во Рим. 

Матичната партија на Шмит, Луксембуршка социјалистичка работничка партија (ЛСАП) веќе реши да го номинира за функцијата, а по добиената поддршка од СПД и ПСОЕ, кои се двете најголеми и највлијателни партии во ПЕС, тој се наметнува и како главен фаворит. 

Поддршката за Шмит вчера ја потврди генералниот секретар на СПД, Кевин Кинерт, кој изјави дека за неговата кандидатура се разговарало во рамките на партиските тела и едногласно било одлучено партијата да го поддржи. 

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изразува разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост

- Комесарот Николас Шмит од Луксембург моментно е главен кандидат на европските социјалдемократи за претстојните европски избори, додаде Кинерт. 

Претходно, потврда за поддршката на Шмит дојде и од ПСОЕ на шпанскиот премиер Педро Санчез. 

Покрај Шмит, како можен „шпиценкандидат“ на ПЕС се споменуваше и германската европратеничка Катарина Барли, но откако нејзината СПД ја најави поддршката за Луксембуржанецот, таа практично повеќе не е во игра бидејќи една партија може да номинира или поддржи само еден кандидат. 

Дури и самата Барли изнесе позитивни коментари за Шмит, оквалификувајќи го како „некој кој многу решително се борел за демократијата во Комисијата“ и чие „демократско срце е на вистинското место“. 

Но, самото номинирање „шпиценкандидат“ не значи и дека тој ќе остане во трката за претседател на Еврокомисијата и по изборите. На претходните избори во 2019 година таков беше случај со Европската народна партија (ЕПП), чиј „шпиценкандидат“ беше Манфред Вебер, но на крајот функцијата ја доби неговата сонародничка и сопартијка, актуелната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен.  

Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и г

Инаку, кога станува збор за ЕПП, партијата се уште не го одредила својот „шпиценкандидат“, иако се почесто се споменува дека тоа ќе биде Фон дер Лејен, а со оглед на тоа што се очекува Европската народна партија да остане најбројна политичка групација и во новиот Европски парламент, таа би била многу блиску до задржување на функцијата претседателка на ЕК. 

Што се однесува до останатите европски партии, Зелените својот водечки кандидат ќе го бираат на Конгрес во Лион од 2 до 4 февруари меѓу четворица претенденти, од кои фаворит е актуелниот копретседател на Пратеничката група на Зелените во Европскиот парламент, Германецот Тери Рајнтке. 

Партијата на европската левица својот „шпиценкандидат“ ќе го избира на Генералното изборно собрание закажано за 24 и 25 февруари во Љубљана, а за главни претенденти важат копретседателите на Пратеничката група на Левицата во ЕП, Манон Обри од Непокорна Франција (ЛФИ) и Мартин Ширдевин од германската партија Левица (ДЛ). 

Екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД) и национал-конзервативната Европска партија на конзервативците и реформистите (ЕЦР) уште претходно најавија дека нема да имаат „шпиценкандидати“ на изборите за Европскиот парламент закажани за почетокот на јуни. сп/

Фото: ЕПА/МИА Архива

Остани поврзан