• четврток, 26 декември 2024

Евробаскет: Дамjан Стојановски пред сите!

Евробаскет: Дамjан Стојановски пред сите!
Скопје, 26 мај 2020 (МИА) - Специјализираниот сајт за кошарка „Евробаскет“ ги одбра најдобрите во македонското првенство за изминатата сезона. Дамјан Стојановски, репрезентативецот на Македонија од редовите на МЗТ Скопје Аеродром е најдобриот кошаркар кој настапува во Првата лига. Бекот на „штрковите“ е најдобриот домашен и играч на годината во макеоднската Прва лига. Со две номинации е и српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ. Кошаркарот на Гостивар е избран за центар на годината, како и „Босман“ играч на годината (играчи кои не потекнуваат од САД). Кошаркарот на Кожув, Еван Пејн е најдобриот на бековската позиција, а Двејн Бенџамин од Работнички, е крило на годината во нашата елитна конкуренција. Неговиот соиграч од Работнички, Марјан Младеновиќ е најдобриот дефанзивец, а Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје Аеродром, најдобриот тренер во сезоната. „Евробаскет“ ја одбра и најдобрата домашна петорка во која се најде место за Марјан Младеновиќ (Работнички), Адем Мекиќ (Пелистер), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје), Марјан Јанески (Куманово) и Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А). Најдобра странска петорка: Еван Пејн (Кожув), Донован Доналдсон (Гостивар), Хејден Лесколт (Работнички), Двејн Бенџамин (Работнички), Алекс Лонг (Академија ФМП). зс/

Остани поврзан