• четврток, 19 декември 2024

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Скопје, 18 април 2023 (МИА) - Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во земјава денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот ќе го одбележат Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар) – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето.

На присутните, како што е најавено, ќе им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, а ќе бидат запалени и шесте меморијални свеќи.

-Традиционално, секоја година на овој ден ја отвораме изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во училишниот награден конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Изложбата на тема „7144 згаснати ѕвезди во холокаустот“ ќе ја отвори Жаклина Мучева, најавуваат организаторите. вј/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан