• среда, 25 декември 2024

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во руската област Твер

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во руската област Твер

Москва, 23 август 2023 (МИА) - Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин загина денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.

„Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу жртвите е и Евгениј Пригожин“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Покрај Пригожин, загинаа уште девет лица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан