• сабота, 23 ноември 2024

ЕВБ: Калас ќе се соочи со тешки задачи за решавање на косовското прашање

ЕВБ: Калас ќе се соочи со тешки задачи за решавање на косовското прашање

Талин, 3 јули 2024 (МИА) - Естонската политичарка Каја Калас ќе се соочи со тешки задачи во продолжението на преговорите за решавање на косовското прашање кога наесен ќе го замени Шпанецот Жозеп Борел како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, наведуваат соговорниците од „Јуропиан Вестерн Балкан“ (ЕВБ).

Се очекува Калас да ги води разговорите во Брисел на тема Косово на највисоко политичко ниво, како што тоа го направи Борел, но се верува дека ќе биде назначен и нов специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи мандатот на Мирослав Лајчак истекува во јануари 2025 година, пишува ЕВБ.

На минатонеделниот самит лидерите на ЕУ се договориле Каја Калас, премиер на Естонија, да биде номинирана за шеф на дипломатијата на ЕУ, додека Урсула фон дер Лајен беше предложена за втор мандат на чело на Европската комисија, а Антонио Коста како претседател на Европскиот совет. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан