• сабота, 28 декември 2024

Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота

Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота
Вашингтон, 16 ноември 2020 (МИА) - Ураганот Иота денеска ја достигна највисоката петта категорија, неколку часа, пред да ја погоди Централна Америка. - Иота е пропратен со ветрови со брзина од 260 километри на лас и е опасен по животот на луѓето во Централна Америка, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) со седиште во Мајами. Ураганот му се заканува на делови на Хондурас и Никарагва со обилни дождови и разорни ветришта, како и опасен пораст на нивото на морето, предупредија американските метеоролози. Хондурас, Гватемала и Никарагвапочнаа да го евакуираат населението поради ураганот Иота. Ураганот Иота поминува низ истата рута како и ураганот Ета, која пред околу две седмици ја погоди Централна Америка, при што загинаа повеќе од 200 луѓе, а стотици илјади лица останаа без домови. Ета предизвика голема материјална штета на инфраструктурата.  При налетот на Ета настрадаа околу 2,5 милиони луѓе. ми/

Остани поврзан