• среда, 25 декември 2024

ЕБОР: ЕУ ќе обезбеди 517 милиони евра за обнова на Украина

ЕБОР: ЕУ ќе обезбеди 517 милиони евра за обнова на Украина

Брисел, 12 јуни 2024 (МИА) - Европската унија ќе и обезбеди на Украина 517 милиони евра преку програми предводени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 143 милиони директно ќе поддржат проекти во градовите, додека остатокот ќе биде инвестиран во клучни области како што се инфраструктурата и енергетскиот сектор, соопшти ЕБОР.

Украина, исто така, доби заем од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа, како дел од проектот дизајниран да обезбеди компензација за домовите уништени во конфликтот, пишува Политико.

Парите се наменети првенствено за поддршка на најзагрозените, како што се лицата кои останале без домови, лицата со посебни потреби и повеќечлени семејства. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан