• четврток, 26 декември 2024

Душан Митрев ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Душан Митрев ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Од 1 јуни годинава нов генерален директор на Пивара Скопје е Душан Митрев. Тој на оваа позиција доаѓа по Горан Сладиќ кој продолжува да раководи со деловните операции на Coca-Cola HBC во Нигерија.

-Навистина се радувам што повторно доаѓам дома, во Пивара Скопје, на чело на тимот и средината кои многу добро ги познавам. Тргнувајќи од мотото, ‘Еднаш Пиварец - секогаш Пиварец’, имам силна енергија и визија како заедно со вработените да продолжиме да ја водиме Пивара Скопје напред, вложувајќи во нејзиниот одржлив раст и развој, во натамошно јакнење на довербата и задоволството на потрошувачите, задржувајќи го фокусот на иновациите, квалитетот и уникатните карактеристики на нашите брендови, како и во градењето одлични односи со нашите купувачи и деловни парнери, водејќи посебна грижа за придонесот што го даваме за просперитетот на пошироката задницата на која ѝ припаѓаме, вели во пишана изјава новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев

Како што соопштија од Пивара Скопје, новиот генерален директор одлично ја познава компанијата, нејзиниот развој, вработените, брендовите и нивната позицијата на пазарот, односите со потрошувачите и партнерите, како и деловното опкружување во земјата.

-Тој е еден од генерацијата млади професионалци којшто своето знаење, искуство и менаџерски вештини ги градеше во Пивара Скопје. После три години поминати во PwC Скопје, во 2010 година тој му се приклучи на тимот на Пивара Скопје, во секторот финансии, каде преку посветена работа и континуирано учење напредуваше низ различни позиции, сѐ до позицијата финансов директор на компанијата во 2016 година. Потоа, во 2019 година, продолжи во секторот комерција како менаџер за продажба на клучни купувачи.Во изминатите три години Митрев дополнително ги надгради своите менаџерски и продажни вештини, извршувајќи ја функцијата директор на продажба на Coca-Cola HBC во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција, информира Пивара Скопје.лв/са/

фото: Пивара Скопје 

 

Остани поврзан