• вторник, 12 ноември 2024

Дутерте ја прифаќа одговорноста за жртвите од војната против дрогата

Дутерте ја прифаќа одговорноста за жртвите од војната против дрогата
Манила, 20 октомври 2020 (МИА) - Претседателот наФилипини, Родриго Дутерте изјави дека ја прифаќа одговорноста за илјадниците убиства извршени за време на полициските операции за сузбивање на дрогата. Полицијата пријави речиси 6.000 убиства на лица осомниченио за поврзанист со дрога откако Дутерте стапи на должност во средината на 2016 година, а организациите за човекови права се сомневаат дека нивниот број е многу поголем. - Можете да ме сметате одговорен за се, за секоја смрт што се случи во војната против дрогата, истакна Дутерте, додавајќи дека ако е во интерес на Филипини дури би одел и во затвор. Тој истакна оти не е виновен за убиствата кои не се случиле за време на полициските операции, потенцирајќи оти тие можеби се извршени од страна на бандите. Обвинителот на Меѓународниот кривиен суд испитува најмалку две жалби за злосторство против човештвото и масовните убиства поврзани со кампањата на Дутерте, со што ќе се утврди дали постојат доволно докази за отворање на целосна истрага. ми/

Остани поврзан