• среда, 13 ноември 2024

Дутерте нареди итно да им се помогне на луѓето погодени од тајфунот Вамко

Дутерте нареди итно да им се помогне на луѓето погодени од тајфунот Вамко
Манила, 12 ноември 2020 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска им нареди на владините служби да побрзаат да им помагнат на луѓето кои се погодени од тајфунот Вамко, откако во невремето загинаа најмалку две лица, а главниот град Манила беше погоден од најголемата поплава во последните неколку години. Десетици илјади домови во предградијата беа поплавени, оставајќи ги жителите на покривите, чекајќи помош. Вамко е 21-от циклон што ги погоди Филипините оваа година, кои сè уште се опоравуваат од Гони, најмоќниот тајфун во светот оваа година, во кој загинаа 25 лица, а илјадници домови беа уништени на почетокот на ноември. - Бидете сигурни дека Владата нема да остави никого, рече Дутерте во обраќањето до нацијата. Во Манила и околината, речиси три милиони домаќинства останаа без струја. Летовите се прекинати, а крајбрежната стража престана да работи во пристаништето. Во меѓувреме, Вамко ослабна, ветерот сега дува со брзина од 130 километри на час, со удари до 160 километри на час. паг/  

Остани поврзан