• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат, инфлацијата во март намалена за 1,3 отсто на месечно ниво

Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат, инфлацијата во март намалена за 1,3 отсто на месечно ниво

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Според него, мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати, а цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат.

- На годишно ниво во март 2025 година споредено со март 2024 година инфлацијата мерена преку трошоците за живот изнесува 2,7 отсто. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените, напиша министерот Дурмиши.

Владата, како што информира ресорното министерство, на предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на бруто-профитна маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи на основни прехранбени производи. Овие две одлуки стапија на сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.

- Со одлуката за ограничување на бруто профитната маржа во трговија на големо и мало мало на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи се опфатени: 5 отсто бруто профитна маржа на основите осум прехранбени производи млеко, леб, брашно (тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко), 10 отсто бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранби производи (месо и преработки од месо, шеќер,млечни производи, маргарин, путер, конзервирани зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини), 15 отсто бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго, стои во соопштението.

Од Министерството за економија и труд потсетуваат дека замрзнати биле цените на осум групи основни прехранбени производи: млеко, леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

- Целта на овие мерки е заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата, се вели во соопштението. мд/са/

Фото: МИА архива и Министерство за економија и труд 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан