• среда, 25 декември 2024

Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница

Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница

 

Гостивар, 13 септември 2024 (МИА) –  Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените. Предлогот потоа треба да помине на рдовната седница на Владата  во вторник. 

– Работната група со претставници на министерствата за економија, земјоделие и финансии уште работи. Како што знам тие и денес работат на оваа проблематика. На крајот на денот или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор од нив. Предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада каде што ќе се усвои таа одлука и за тоа ќе бидете известени, рече министерот Дурмиши, на новинарско прашање при посетата на Гостивар.

 Дурмиши претходно најави дека до денеска треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. 

Според министерот Дурмиши стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените.згм/лв/

фото:МИА 

Остани поврзан