• сабота, 23 ноември 2024

Дури 59 отсто од речиси полнолетните Данци пијат алкохол

Дури 59 отсто од речиси полнолетните Данци пијат алкохол

Брисел, 2 февруари 2024 (МИА) - Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) спроведе истражување за консумирање алкохол кај младите во Европа. Податоците покажуваат во кои европски земји, колку од младите на возраст од 15 до 16 години консумирале алкохол барем еднаш во 30 дена.

Данците се на самиот врв. Дури 59 отсто од населението консумираат поголеми количини алкохол на месечно ниво. По нив следат Германците (55 насто) и Австријците (49 насто). Меѓу првите пет европски нации се и Словачка и Хрватска, каде што, соодветно - 47 и 45 отсто од младите пијат алкохол.

Македонците на оваа листа се некаде при дното, со 33 отсто.

Од нашите соседи, опфатени се Бугарите (42 насто) и Србите (36 отсто) и Црногорците со 28 отсто. Младите Норвежани (16 отсто) и Исланѓаните (осум отсто) се на самото дно на табелата.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан