• недела, 06 октомври 2024

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап

Хожов, 25 август 2024 (МИА) - Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап.

Денеска во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид.

Така, Дуплантис го надмина сопствениот светски рекорд поставен во август на Олимписките игри во Париз. Таму го освои златото со скок од 6,25 м.

Дуплантис има 24 години, тој е двократен олимписки шампион и двократен светски шампион. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан