• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дуплантис, Алкараз, Верстапен, Погачар и Маршанд кандидати за Спортист на годината

Дуплантис, Алкараз, Верстапен, Погачар и Маршанд кандидати за Спортист на годината

Мадрид, 3 март 2025 (МИА) - Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, холандскиот светски шампион во Ф1, Макс Верстапен, словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар и францускиот пливач Леон Маршанд се меѓу номинираните за престижната награда Лауреус за Спортист на годината за 2024-та.

Кандидати за најдобра спортистка во светот се американската гимнастичарка Симон Бајлс, белоруската тенисерка Арина Сабаленка, шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и спортистите Сифан Хасан од Холандија, Фејт Кипјегон од Кенија и Американката Синди Меклафлин-Леврон.

Во конкуренција за тим на годината се вклучени шпанската машка фудбалска репрезентација, машката кошаркарска репрезентација на САД, тимот на Формула 1 Мекларен, кошаркарскиот клуб Бостон Селтикс, машкиот фудбалски клуб Реал Мадрид и женскиот фудбалски клуб Барселона.

Кандидатите за наградата за извонредно достигнување за 2024 година се кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, атлетичарот од Боцвана, Лесиле Тебого, канадската пливачка Самер Мекинтош, атлетичарката Џулиен Алфред, и фудбалскиот клуб Баер Леверкузен.

Церемонијата на доделување на наградите е закажана за 21 април во Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан