• недела, 24 ноември 2024

Думата на првото читање ги одобри промените во рускиот Устав

Думата на првото читање ги одобри промените во рускиот Устав
Москва, 23 јануари 2020 (МИА) - Руските пратеници денеска на прво читање едногласно го одобрија целиот пакет промени во Уставот што ги објави рускиот претседател Владимир Путин пред три дена. Пратениците дебатираа помалку од два часа. Со промените се прошируваат овластувањата на Парламентот и на Уставниот суд, се ограничува бројот на претседателските мандати, се воведува приоритет на основниот закон врз меѓународните договори склучени од Москва и се зајакнуваат социјалните обврски на руската држава. Второто читање може да се одржи кон средината на февруари. јт/

Остани поврзан