• сабота, 23 ноември 2024

Дуковска и Атанасовска најуспешни на вториот „Мајски коњички турнир“

Дуковска и Атанасовска најуспешни на вториот „Мајски коњички турнир“
Скопје, 22 мај 2021 (МИА) – Сиља Дуковска од клубот Анималс и Меланија Атанасовска од клубот Процес со по две први места се најуспешни натпреварувачки на вториот „Мајски коњички турнир“ и 1. коло од Државното првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. Натпреварите се одржаа во текот на денешниот ден на терените во Дрма кај Идризово, во организација на клубот Анималс. Резултати по класи: Класа Д - височина на пречките 0,80 м. 1.место освои Сиља Дуковска со грлото Војвотка од КК. Анималс 2 и 3. место немаше пласирани Класа Ц - височина на пречките 0,90 м. 1.место Сиља Дуковска со грлото Војвотка од КК. Анималс 2.место Петар Млошевски со грлото Надја и од КК. Бравадос 3.место Зоран Јовановиќ со грлата Маестро од КК, Бравадос. Класа Б - височина на пречките 1,00 м. 1.место Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК. Процес 2.место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК. Процес 3.место Петар Милошевски со грлото Надја од КК. Бравадос Класа А - височина на пречките 1,10/1.20 м. 1.место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК. Процес 2.место Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК. 3.место Зоран Јовановиќ со грлото Флика од КК.Бравадос. зс/

Остани поврзан