• недела, 24 ноември 2024

ДУИ распишаа конкурс за претседатели и членови на раководствата на локалните ограноци

ДУИ распишаа конкурс за претседатели и членови на раководствата на локалните ограноци
Скопје, 23 мај 2022 Изборната комисија на Демократската унија за интеграција, на седницата одржана на 19 мај 2022 година во Тетово, објави Јавен повик за избор на кандидати за членови на Претседателството, за претседатели на ограноци и кандидати за членови на Претседателството на Локалниот совет и кандидати за претседатели на локалните совети на ДУИ во Тетово, Гостивар, Теарце, Желино, Боговиње, Студеничане, Врапчиште, Брвеница, Долнени и Чашка.Демократската унија за интеграција ги известува заинтересираните дека кандидатурите за кандидати за член на Претседателството, за претседател на огранок и кандидати за членови на Претседателството на Локалниот совет и кандидати за претседатели на месните(локалните) совети на ДУИ се доставуваат до соодветната Општинската изборна комисија на партијата.Право за кандидирање на изборите за членови на Претседателството на Локалниот совет и за претседател на Локалниот совет, имаат сите членови на ДУИ регистрирани од Локалниот совет на територијата на соодветниот огранок, кои ги исполнуваат условите предвидени со Правилникот за критериумите, начинот и постапката на кандидирање и избор на органите на ДУИ.За претседател на огранок на ДУИ може да се кандидира секое лице кое е член на ДУИ најмалку една година и по потекло е од местото на живеење кое е вклучено во територијата на соодветниот огранок.За кандидат за член на Претседателството на огранок на ДУИ може да се кандидира секое лице кое е член на ДУИ најмалку една година и потекнува од местото на живеење кое е вклучено во територијата на соодветниот огранок.Кандидатурата за претседател на огранок на ДУИ се поднесува со пополнување посебен образец директно во седиштето на ДУИ во Тетово или по е-пошта на contact@kzp.mk, со прилози од лична и партиска биографија и програма за работа за период од четири години.По поднесување на потребната документација за кандидатура, кандидатурата ќе биде разгледана согласно Правилникот со рамноправен третман. Формуларот за апликација може да се добие на официјалната веб-страница на ИК https://kzp.mk/ додека рокот за поднесување на кандидатурите е седум дена по објавувањето на овој Јавен повик. Демократска унија за интеграција - ДУИ ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан