ДУИ: Пет починати деца за помалку од два месеци, време е за одговорност
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 17 декември 2024
Смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност
Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди.
Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата.
Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото.
Во име на одговорноста кон граѓаните, бараме итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство.
Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили.
Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира!
ДУИ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива