• сабота, 28 декември 2024

ДУИ: Одлуката за полицаецот кој го погази албанското знаме е провокација за соживотот

ДУИ: Одлуката за полицаецот кој го погази албанското знаме е провокација за соживотот

Скопје, 27 декември 2024

Одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија. 

Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права.

Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и  на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во Владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците. 

Заменик-министерот за внатрешни работи и претставниците албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ, кои денес се дел од оваа Влада, покажаа целосна неспособност да го претставуваат и бранат својот народ, станувајќи гаранти на неправдата и дискриминацијата.

Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците. 

Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство.

Оваа состојба не може повеќе да се толерира. 

Албанците се изморени од манипулациите, празните ветувања и предавствата на своите претставници, кои продолжуваат да делуваат во личен интерес наместо да ги бранат правата и интересите на својата заедница.

Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата.

 

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан