• сабота, 23 ноември 2024

ДУИ: Краток осврт на предлог политичка платформа за легитимитетот

ДУИ: Краток осврт на предлог политичка платформа за легитимитетот

13 август 2024

Во ова свечена прилика, додека ја одбележуваме23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, ние, претставниците на Европскиот фронт, ја реафирмираме нашата непоколеблива посветеност на принципите вклучени во овој историски договор.

Охридскиот договор стои како камен темелник на мирот, стабилноста и демократијата во Северна Македонија, олицетворувајќи ги аспирациите нашите нејзини граѓани за праведна и инклузивна држава и општество.

Пред дваесет и три години, на 13 август 2001 година, беше потпишан Охридскиот мировен договор, со што заврши периодот на војна и ја постави Северна Македонија на патот кон помирување, еднаквост, правда, консензуално управување и евроатлантска интеграција.

Овој договор, посредуван и постигнат со поддршка и гаранција на меѓународната заедница, ги постави темелите за мирен соживот на различните етничкизаедници во нашата држава, со посебен фокус наинклузијата и зајакнувањето на албанскатазаедница, како и на малцинските заедници.

Охридскиот договор има големо меѓународно значење, што беше потврдено и со вклучувањето наспецијалниот претставник на Европската унија и Соединетите Американски Држави, кои гопотпишаа договорот како меѓународни гаранти.

Со оглед на тоа дека Северна Македонија има договорни обврски кон Европската унија и Соединетите Американски Држави, тоа го прави Охридскиот договор меѓународен договор.

Договорот наметна уставни промени, законодавни реформи и институционални промени насочени кон спречување на маргинализацијата на немнозинските заедници и обезбедување на нивно полно и еднакво учество во политичкиот, социјалниот и економскиот живот на земјата, додека во исто време ја повикува меѓународната заедница да го надгледува неговото спроведување и да помогне каде што е потребно.

ЦЕЛТА И НАМЕРАТА на Охридскиот договор, гледано во контекст на неговото потпишување, се од суштинско значење за разбирање на неговите основни принципи и начинот на кој потписниците планирале да го спроведат.

Тогашната Влада на Република Македонија и албанската заедница влегоа во договорот со добра волја, со искрена посветеност за изградба на демократска и мирољубива држава и општество водено од основните принципи на договорот.

Охридскиот мировен договор беше создаден зарешавање на етничките тензии и војната преку внимателно балансирање меѓу двата основни воведни принципи:

• Зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата;
• Зачувување и рефлектирање на мултиетничкиот карактер и состав на државата. 
Од 2001 година, спроведувањето на принципите на Охридскиот договор генерално гарантираше мирен соживот меѓу различните етнички групи во Северна Македонија и ја промовираше праведната и еднаква инклузија на албанската заедница и малцинските заедници во социјалниот, политичкиот и економскиот животна државата.

Сепак, последните политички случувања соновата коалициска влада, формирана какорезултат на изборите одржани во мај 2024 година, сериозно ги загрозија темелите на ЦЕЛТА И НАМЕРАТА, како и основните принципи на Охридскиот мировен договор.

Ирационалните дејства во однос на ограничување на стандардите за политичко учество, постигнати преку децениски напори за обезбедување на стандарди за инклузија, се спротивни на ЦЕЛТА И НАМЕРАТА на Охридскиот договор и на намерата на потписниците.

Таквите дејства го лишуваат албанската и другите заедници од стандардите за политичко учество, кои државата ги постигнала досега, со што сенарушуваат принципите на Охридскиот договор и со тоа и демократскиот поредок на Северна Македонија.

Во Северна Македонија, политичките партии сеорганизирани на етничка основа и гласачитетрадиционално и главно гласаат за политичкитепартии од нивната етничка припадност.

За да се зачува и рефлектира мултиетничкиот карактер на Северна Македонија во јавниот живот (една од главните цели на Охридскиотдоговор) и за да се зачува стабилноста, владите генерално ја рефлектираат изборната волја на заедниците.

Оттогаш, принципот на „етнички легитимитет“ генерално беше почитуван од сите влади.

Во отсуство на овој принцип, етничките Македонци би можеле арбитрарно и преференцијално да одлучуваат која албанска етничка партија треба да ја претставува албанската заедница. 

Оваа ситуација е проблематична: Кој е тогаш смислата за постоењето на етнички политички партии и која би била причината за една етничка заедница да излезе и гласа на избори, ако на крајот претставниците на заедницата се избираат преференцијално од етничката македонска победничка партија?

Флагрантното прекршување и игнорирање на политичката и изборна волја на втората поголемина заедница во земјата, албанската заедница, како и на малцинските заедници, е воспротивност со Амандманот VI на Уставот на Северна Македонија и со принципот на правично претставување.

Со оглед на целта на Охридскиот договор и Уставот за обезбедување праведни стандарди заетничко претставување, неопходно е да се применат мерки кои ќе го зачуваат и рефлектираат мултиетничкиот карактер на државата за да се обезбеди правилна имплементација на договорот.

Мерки како „Влада со етнички легитимитет“ го зајакнуваат Охридскиот договор и уставниот поредок на државата, и треба да се зајакнат со понатамошни иницијативи за обезбедување на континуирано спроведување на Охридскиот договор.

ПРАВНА ОСНОВА

Во принцип, правната основа за воведување навакви мерки се наоѓа во постојните домашни закони, во спроведувањето на Охридскиот договор, како и во применливите меѓународни норми.

1. Домашно законодавство: Амандманот VI (1) на Уставот, уставниот принцип на правично претставување ја оправдува зачувувањето на оваа практика, која понатаму се зајакнува со толкување на принципите на Охридскиот договор.
2. Охридскиот договор: ЦЕЛТА И НАМЕРАТА на договорот;
3. Меѓународно право: Виенска конвенција затолкување на договорите;
4. Меѓународно хуманитарно право: Универзална декларација за човекови права и други договори за човекови права, како што е член 25 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права („ICCPR“), на кој Северна Македонија е држава-потписничка. „Претставувањето исто така мора да биделегитимно“. 
Држава која не гарантира правично и легитимно претставување го поткопува човековото право на политичко учество и принципот на правично претставување вклучен во Уставот (Амандманот VI) и изразен во член 4.1 од Охридскиот договор, бидејќи во пракса овозможува претставниците на мнозинството да ги изберат преференцијално претставниците на заедниците или воопшто да не ги изберат.

Политички аргументи

Правните основи треба да бидат балансирани и да ги земат предвид целите на политиката и на политичките партии во нивните одлуки, особено во фазата на формирање на владата, што претставува политички процес.

Кредибилитет и отчетност

Воопшто, степенот на доверливост и отчетност на владата се мери според одговорноста што ја има за претставување на политичката волја на сите гласачи, што е воедно основниот принцип на пропорционално претставување.

Еден ефективен политички систем е тој во кој власта е одговорна пред гласачите на највисок можен степен.

Изразувајќи ја својата преференција за конкретна политичка партија, гласачите треба да имаат можност да влијаат на формирањето на владата и да учествуваат во процесот на формирање на коалицијата на партиите преговарачки.

Исклучувањето на политичката партија или коалицијата која на последните избори добила мнозинство од гласовите во албанскиот блок не ги исполнува овие очекувања.

Додека отчетноста на владата е еден од темелите во општествата кои се соочуваат со поделби, дејствијата кои ја загрозуваат таа веројатно ќе доведат до долгорочна непредвидливост. 

Консоцијативна демократија

Четири мерки се сметаат дека ја гарантираат консоцијативната демократија:

• Поделба на извршната власт;
• Автономија на групите;
• Пропорционалност и
• Реципрочни вета.
Поделбата на извршната власт се однесува на формирање на коалициска влада, каде што сите легитимни политички претставници имаат загарантирано претставување.

Автономијата на групата пренесува право на одлучување за одредени прашања на соодветните заедници.

Пропорционалноста ја застапува распределбата на јавните ресурси праведно и еднакво, како што се владините позиции, мандатите во парламентот, позициите во администрацијата и буџетот. 

Реципрочното вето и овозможува на една заедница да ги заштити своите витални интересии обезбедува никој друг да не одлучува за важни прашања за заедницата.

Духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Северна Македонија го прифаќаат принципот на консоцијативната демократија. 

Генерално, во Северна Македонија, принципот на консоцијативната демократија се применувапреку норми и практики со цел да се одржи рамнотежа меѓу интересите и потребите на двете групи, етничките Македонци и албанската заедница, како и на малцинските заедници.

Новите мерки треба да го почитуваат овој принцип за да се избегне долгорочна непредвидливост и повторување на непочитувањето на етничкиот легитимитет, надвете нивоа, централно и локално.

Еднаквост и праведност (Equity)

Еднаквоста и праведноста не можат да се постигнат ако заедницата која треба да биде претставена според принципот на пропорционалност, всушност е лишена од претставување, затоа што претставниците кои се избрани да ги штитат и претставуваат најдобро интересите на заедницата се исклучени од извршното одлучување на арбитрарен и преференцијален начин од страна на мнозинството, со што се суспендира изборниот легитимитет.

Применувајќи ја оваа политичка основа на прашањето на формирањето на владата, еднаквоста може да се постигне ако секоја заедница ја претставуваат избраните легитимни претставници на нивната мнозинска воља пропорционално со големината на заедницата.

Таквата формула има за цел праведно да ја распореди политичката власт и да ја рефлектира демографската реалност на една држава.

Во тој контекст, теоријата на праведност е тесно поврзана со консоцијативната демократија, најмногу со пропорционалноста.

Во исто време, праведноста подразбира претставување на секоја заедница во донесувањето одлуки, што, како што беше наведено погоре, е поврзано со квалитетот на претставувањето.

За таа цел, претставниците на заедниците можат да преземат: 

(1) политички дејствија и 

(2) специфични мерки. 

Додека политичките дејства се однесуваат на политичките стратегии што ќе се усвојат за да се промовираат инклузивни наративи, специфичните мерки имаат за цел да постигнат конкретен резултат, како што е консолидирање на практика или на обичајно право, во закон или воведување на нова законска мерка. 

Воопшто, политичките дејства и специфичнитемерки ќе се преземат на кумулативен илиалтернативен начин, во зависност од околностите, како и од соодветните социјални, политички и економски услови.

Во спроведувањето на овие мерки, внимателно ќе ги вклучиме принципите и успешните практики одСеверна Ирска, Белгија и Швајцарија, како и од други демократски земји, истовремено потпирајќи се на нашите воспоставени пристапи, за да обезбедиме инклузивно решение и чувствително на контекстот создаден од неодамнешните ирационални дејства, специфики и околностите во мултиетничкото, мултикултурно општество на Северна Македонија.

Демократска унија за интеграција - ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан