• среда, 18 декември 2024

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните за законите за коридорите

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните за законите за коридорите

Скопје, 5 мај 2023

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува и поддржува денешната транспарентна одлука на Владата за усвојување на пет закони и нивно поднесување до Собранието за понатамошно усвојување. 

Во законите, во ниту еден момент, во ниту една реченица, во ниту една бројка од сите пет закони, не се спомнува 60 часа работно време и затоа ВМРО ДПМНЕ ги лаже граѓаните. 

Законите предвидуваат олеснување на процедурите за сите национални и стратешки проекти на земјата, е не само на изградбата на коридорите 8 и 10 - Д. 

Законите овозможуваат поефтино и побрзо градење на автопатиштата со заштеда на над 150 милиони евра и две години побрзо завршување.

Блокадата на ВМРО и Левица ги чини граѓаните над 150 милиони евра само за овој проект и над две години подолга изградба. 

Коридорите 8 и 10 - Д не се Скопје 2014 и Кинески автопат за да може некој да краде. 

Демократска Унија за Интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан