ДУИ: Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен ветинг
- СООПШТЕНИЕ: ДУИ ја повикува Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.
Скопје, 14 декември 2024
ДУИ ја повикува Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.
Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација.
Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок.
Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество.
Историјата покажа дека секој обид за користење на антикорупцијата како алатка за политички реваншизам и прикривање на скандалите ќе се врати како бумеранг и ќе ги погоди токму оние кои ја поттикнуваат.
Владата не може да тврди дека гради правичност користејќи неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството.
Користењето на емоциите на граѓаните за прикривање на стратешките неуспеси на Владата во двете клучни столбови – европските интеграции и меѓуетничките односи – е опасна стратегија.
ДУИ
фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.