• среда, 18 декември 2024

ДУИ  го осудува  барањето на премиерот за оставка на судијата на Уставниот суд

ДУИ  го осудува  барањето на премиерот за оставка на судијата на Уставниот суд

Скопје, 17 декември 2024

ДУИ  го осудува  барањето на премиерот за оставка на судијата на Уставниот суд, Осман Кадриу, поради неговиот отпор на обидите на судот да извршува партиски наредби. 

Наместо да реагира на скандалозното однесување на претседателот на судот, кој јавно призна дека намерно не го почитува Законот за јазици затоа што “не му се допаѓа”, премиерот продолжи да врши притисок врз судот да ја спроведе партиската иницијатива.

Му упатуваме повик на премиерот да ја запре инструментализацијата на судот и веднаш да ја повлече иницијативата за оспорување на законот. 

Правната држава не се гради со политички притисоци врз независните институции.

ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан