• петок, 27 декември 2024

Дует на Елвир Мекиќ и Пајак

Дует на Елвир Мекиќ и Пајак

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Македонскиот музичар Христијан Настески - Пајак ги враќа на сцена идолите од времето на најголемата експанзија на македонската поп-музика... После Јован Јованов, следи и дуетот на Пајак со Елвир Мекиќ, под наслов „Негде после два”.

„Судејќи според реакциите од 'тизер' рефренот на нивната нова песна со наслов 'Негде после два', несомнено ќе имаме уште еден хит. Елвир беше еден од најпопуларните пејачи на македонската поп-сцена пред 10 - 20 години. Па така, и новата песна, иако со модерен звук, го има стариот 'вајб' со примеси на ретро-РНБ од 2000-тата и потоа... Спотот е во режија на Гордан Божиновски - 'Урбан рекордс продукција'. Се снимаше во 'Дајмонд мол', 'Гурман стрит' и Хотел 'Лимак'. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес-модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска“, соопштија музичарите. 

- Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат, изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, а текстот е на Мекиќ. Но, интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир, како „Некаде после два“, „Армија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др. Аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов - Ивајо.

Инаку, Елвир со сопругата и сега синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија, вели, освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да ѝ се посвети и на музичката кариера.  си/

Фото: „Урбан рекордс продукција“

Остани поврзан