• среда, 25 декември 2024

Дуда: Русија е затвор на нации, најголемата колонијална империја во светот

Дуда: Русија е затвор на нации, најголемата колонијална империја во светот

Варшава, 17 јуни 2024 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда повика на „процес на деколонизација“ на Русија. Тој навести дека етничките малцинства треба да се отцепат од власта на Москва и да формираат свои држави.

Говорејќи на конференцијата „Мир за Украина“ во Швајцарија вчера, Дуда ја опиша Русија како „затвор на нациите“.

„Речиси 200 етнички групи живеат во таа земја, кои станаа жители на Русија како резултат на методите што денес се користат во Украина“, тврди полскиот лидер.

-Русија останува најголемата колонијална империја во светот, која, за разлика од европските сили, никогаш не помина низ процес на деколонизација и никогаш не беше во можност да се справи со демоните од своето минато. Како член на меѓународната заедница, конечно мораме да кажеме – во современиот свет нема простор за колонијализам, рече Дуда, пренесоа руските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан