• четврток, 26 декември 2024

Дуда: Парламентарните избори во Полска ќе се одржат на 15 октомври

Дуда: Парламентарните избори во Полска ќе се одржат на 15 октомври

Варшава, 8 август 2023 (МИА) - Парламентарните избори во Полска се закажани за 15 октомври, пренесоа светските агенции.

„Одлучив изборите да се одржат на 15 октомври 2023 година“, објави полскиот претседател Анджеј Дуда на социјалната мрежа Х .

Претходно, денеска, претставници на кабинетот на полскиот претседател неофицијално ја информираа полската агенција ПАП дека шефот на државата планира гласањето да го закаже за тој датум, потсетуваат британските медиуми. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан