• среда, 25 декември 2024

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа

Киев, 24 август 2024 (МИА) - Денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев на по повод државниот празник.

„Денот на вашата независност е, во извесна смисла, прослава на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина е тешко да се зборува за независна и безбедна Полска, Литванија или други земји од нашиот регион“, рече Дуда, пренесува Укринформ.

Полскиот лидер нагласи дека Полска застанала покрај Украина од самиот почеток на руската агресија и додаде дека Украинците не се сами во тешките искушенија. 

Полскиот лидер нагласи дека нема ни трошка сомнеж оти „храбриот украински народ ќе ја брани својата независност во борбата против рускиот агресор“.

Тој изрази уверување дека војната наскоро ќе заврши „со победа на силите на слободата над тиранијата во светот“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан