• недела, 24 ноември 2024

Дубалките може да бидат опасни за децата, предупредуваат педијатри

Дубалките може да бидат опасни за децата, предупредуваат педијатри

Вашингтон, 1 авгyст 2024 (МИА) - Дубалките се популарни со десетлетија, но освен што не можат да им помогнат на децата да ги научат и усовршат вештините за одење, може да претставуваат и опасност за најмалите, според некои педијатри.

Во таа смисла, Американската академија за педијатрија повика на забрана за употреба на дубалки. Тие „може да предизвикаат сериозни повреди“, според лекарите. 

Истражувањето објавено во стручното американко списание „Педијатрикс“ наведува дека во периодот од 1990 до 2014 година - 230.676 бебиња на возраст под 15 месеци се посетени од итна помош поради повреди предизвикани од дубалка. Од нив, 90 отсто биле повреди на главата и вратот.

Уште повеќе, Академијата предупредува дека „повредите може да се случат и за неколку секунди“, така што „подобро е да не ризикувате бидејќи нема да има доволно време“ да му помогнете на малечкото. си/рп/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан