Дубаи домаќин во Сараево
- Кошаркарскиот клуб Дубаи натпреварите од Евролигата, како и од АБА лигата ќе ги игра како домаќин во Сараево
Дубаи, 4.март 2026 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Дубаи натпреварите од Евролигата, како и од АБА лигата ќе ги игра како домаќин во Сараево. Воената состојба на Блискиот исток има влијание и на спортските натпреварувања.
Најголем удар има во Евролигата, каде веќе има одложени натпревари, а ќе има и промени во календарот. Одложен е натпреварот меѓу Партизан и Дубаи, кој требаше да се игра во Белград.
Дубаи евролигашкиот натпревар против Басконија ќе го игра како домаќин на 12.март во Сараево, а на 15.март за 15.март е закажан и дуелот против Црвена Звезда од АБА лигата.
Според медиумите од Грција, Дубаи можно е до крајот на сезоната како домашен терен да го имаат теренот во Сараево. Во клубот се надеваат дека дуелот со Панатинаикос би можел да се игра и во салата во Дубаи, но прашање е дали екипите ќе бидат согласни да патуваат за Обединетите Арапски Емирати. мн/
Фото: ЕПА