• четврток, 26 декември 2024

ДС бара закажување на собраниска седница за измени на Изборниот закон за една изборна единица

ДС бара закажување на собраниска седница за измени на Изборниот закон за една изборна единица
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Демократскиот сојуз бара Собранието во најбрз можен рок  да закаже пленарна седница, на која би се расправало за нивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Со измените, тие предлагаат Република Северна Македонија да биде една изборна единица. - Повеќе пратеници на 5 март 2021 година до Собранието на Република Северна Македонија доставивме Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана на 15 мај 2021 година, (точка 5), но не е започната расправата. Со огледа на важноста за законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Инаку, со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг, велат од Демократски сојуз.фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан