• сабота, 23 ноември 2024

ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса

ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекицски надзор за починатото новороденче од сепса

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Веднаш денеска иницирав како министер во Министерството, ќе оди Државен санитарен инспекторат и ќе има и стручна комисија. Нема отсега натаму веќе да има сомненија за ниту еден случај, се ќе решиме до крај како што треба, рече на новинарско прашање Меџити по посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, по повод промоција на нови сензори за мерење гликемија.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде починало по една недела.

Тој при тоа повторно го повик Обвинителството дека е крајно време веќе да излезат со име и со презиме во однос на скандалот со Онкологија.

-Нема да дозволиме да се оцрни белиот мантил повеќе, и тие излегоа со соопштение да не го користиме за политички цели. Јас не сум политичар, јаз сум доктор, и јас сум човек, пред се, и јас сум министер за здравство и затоа ќе барам отчет од сите институции. Го повикувам Обвинителството да излезе конкретно со име и со презиме. Мислам дека веќе е крајно време, предолго трае овој процес, рече Меџити. вг/сан/ 

Фото: МИА

Остани поврзан