• петок, 27 декември 2024

ДСЗИ: Вонредни инспекциски надзори во училиштата каде што има пријави за салмонела

ДСЗИ: Вонредни инспекциски надзори во училиштата каде што има пријави за салмонела

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денешниот ден во соработка со претставници од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство врши вонредни инспекциски надзори во училиштата каде има пријава за заболување со салмонела.

ДСЗИ соопшти дека се врши надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување.

Инспекторатот вчера бил информиран од Центарот за јавно здравје - Скопје дека во одделението за епидемиологија се пристигнати седум пријави за заболување од заразна болест со Dg. Salmonellozis кај ученици кои посетуваат настава во три основни училишта на територија на Општина Карпош и тоа: ООУ Владо Тасевски, ООУ Војдан Чернодрински и ООУ Јан Амос Коменски, Општина Карпош, Скопје. ев/са/

 

Остани поврзан