• среда, 25 декември 2024

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците ја презеде функционијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците ја презеде функционијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Досегашниот директор на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани од СДСМ објави на фејсбук дека вчера извршил примопредавање на функцијата на Дритон Небиу од АА, кој доаѓа на неговото место како прв човек на оваа Агенција 

Тој во објавата, меѓу другото, вели дека се надева дека Небиу ќе продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси бидејќи остава прекрасен тим на вработени, со оценка дека по еден изминат мандат, Државната агенција за конфискација ги остварила очекуваните бројки и норми.

-За успесите и резултатите на Агенцијата како што и претходно кажав, мерило се само бројките, а ние како тим ги имавме многу повеќе и од било која поставена НОРМА и не би редел затоа што се многу и ризикувам да го изгубам мојот лет за Болоња. Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години, а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси, вели Асани.

Новиот директор Небиу, пак, на Фејсбук објави дека честа да се предводи една институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна е и благородна работа од самиот факт дека претставува алка во системот преку кој на народот како реален сопственик му се враќа тоа што и му припаѓа, а некој сакал со истото да се збагати на нивна штета.

-Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел. Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Северна Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните. Работата на Агенцијата за управување со одземен имот во голема мерка зависи од она што правосудните органи ќе го докажат како незаконски стекнато или користено, пишува на фб статусот на Небиу. вг/вј/

 

Фото: фб Дритон/Небиу

Остани поврзан