• среда, 25 декември 2024

Државните комисии за жалби по јавни набавки од ЈИЕ потпишаа Меморандум за соработка

Државните комисии за жалби по јавни набавки од ЈИЕ потпишаа Меморандум за соработка
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на регионалната соработка на телата за правна заштита во постапките за јавни набавки, денеска во Тирана, Република Албанија, беше потпишан Меморандум за соработка на државните комисии од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, и Словенија. Со Меморандумот се етаблира мрежа на жалбени тела од Југоисточна Европа, со градење на правната пракса и добрите европски практики. Преку неа ќе се споделувааат искуства и ќе се градат заеднички ставови на системите за правна заштита и спроведување на европските директиви. Во рамките на настанот претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки Кирил Каранфилов оствари и билатерална средба со претседателот на Комисијата за жалби по јавни набавки на Република Албанија. мч/лв/

Остани поврзан