• сабота, 23 ноември 2024

Државниот инспекторат за труд изврши вонреден надзор во М-НАВ

Државниот инспекторат за труд изврши вонреден надзор во М-НАВ

Скопје, 6 февруари 2024 

Владата на РСМ на Двесте и седумнаесетата седница одржана на 09.01.2024 година го задолжи Државниот инспекторат за труд да изврши вонреден инспекциски надзор кај работодавачот АД во државна сопственост за вршење на дејност давање услуги во воздухопловната навигација (М-НАВ) Скопје. При надзорот посебен акцент се стави на законитоста на постапките за вработување по четири јавни огласи и тоа:

Оглас број 1/2023

Управниот одбор на АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје, донел Одлука за објавување оглас за вработување за работно место Советник за планирање и развој и мегународно задолжување во Секторот за финансиски работи, правни работи ,развој и инвестиции – 1 извршител.

Врз основа на наведената Одлука работодавачот на ден 04.08.2023 година го објавил јавниот оглас број 1/2023 во дневните весници Вечер и Коха

Оглас број 2/2023

Управниот одбор на АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје, донел Одлука за објавување оглас за вработување на неопределено време за единаесет лица, за систематизирани работни места и тоа:

– Оператор во национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови RCO во одделение за национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови RCO во Сектор за воздухопловна навигација – 1 извршител;

– Студент ВМПИ, Отсек за воздухопловни мет мерења, опсервации и информации – Скопје, во одделение за метеоролошко обезбедување на воздушната пловидба во Сектор за воздухопловна навигација – 1 извршител;

– Студент инженер во Сектор за воздухопловна техника – 5 извршители;

– Студент техничар во Сектор за воздухопловна техника – 2 извршители;

– Советник преведувач на албански јазик во Сектор за финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции – 1 извршител.

– Деловен асистент во Сектор за воздухопловна навигација – 1 извршител.

Врз основа на наведената Одлука работодавачот на ден 14.12.2023 година го објавил јавниот оглас број 2/2023 во дневните весници Вечер и Коха.

 

Оглас број 3/2023

Управниот одбор на АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје, донел Одлука за објавување оглас за вработување на неопределено време за работно места и тоа :

- Самостоен советник сметководител во одделение за финансии и администрација во сектор за финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции – 1 извршител;

Врз основа на наведената Одлука работодавачот на ден 15.12.2023 година објавил јавен оглас број 3/2023 во дневните весници Вечер и Коха.

 

Оглас број 4/2023

Управниот одбор на АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје, донел Одлука за објавување оглас за вработување на неопределено време за работно место и тоа :

- Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители во Сектор за воздухопловна навигација за 8 извршители.

Врз основа на наведената Одлука, работодавачот објавил јавен оглас бр. 4/2023 во дневниот печат Вечер и Коха (издание од 23 и 24.12.2023 година) за вработување на неопределено време.

Од извршениот увид во презентираната документација утврдени се следните неправилности:

- Работодавачот не доставил писмен доказ за спроведено интервју со кандидатите од фаза два од објавениот оглас 2/2023 што е спротивно на член 23 став 1 алинеја 2 од Законот за работни односи.

- За дел од работните места од огласот број 2 наведените услови не се предвидени во актот за систематизација со што работодавачот постапил спротивно на член 23 став 1 алинеја 2, во врска со член 19 став (2) од Законот за работните односи.

- Работодавачот не навел врз основа на кои критериуми го извршил изборoот од кандидатите кои што исполнувале услови а врз основа на кои критериуми останататите кандидати не се избрани и покрај тоа што истите ги исполнувале условите по објавениот оглас за соодветното работно место за кое аплицирале .

- Работодавачот без основ ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент инжињер и студент техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024 година

- Работодавачот работниот однос на дел од работниците го пријавил на ден 29.12.2023, односно истиот ден кога работникот треба да стапи на работа, што е спротивно на член 13 став (3) од Законот за работните односи.

- Рокот на огласот за кандидатот за работно место Самостоен советник сметководител со внесување во електронскиот систем на АВРСМ изнесува три денови и покрај фактот што работодавачот навел рок од десет денови ,со што огласот објавен во АВРСМ е во спротивност во делот на времетраењето со објавениот оглас од страна на работодавачот. До денот на надзорот од страна на работодавачот и АВРСМ не е извршена корекција за работното место на кое е пријавен кандидатот во образецот М1/М2 со што истото се разликува од работното место за кое кандидатот склучил договор за вработување со работодавачот.Работодавачот доставил ургенција до АВРСМ и по истата не е постапено.

- На неизбраните кандидати за работните места студент инжињер и стдудент техничар не им се доставени Одлуките за поништување за изборот со што им е ускратено правото на правна заштита.

- За утврдените неправилности ке се изрече глоба во висина од 600 ЕУ за правното лице и 400 ЕУ за одговорните лица поединечно.

- Ке се донесе инспекциска мерка решение согласно Законот за работни односи со кое ке се задолжи работодавачот да ги поништи Одлуките за неизбраните кандидати и да ги спроведе донесените Одлуки за избор за работните места студент инжињер и стдудент техничар.

 

Во врска со работата на Независниот Синдикат на сообраќај и врски Мралино Илинден при надзорот во присуство и на Претстедателот на Синдикатот Александар Тасевски,се утврди следната фактичка состојба:

Независниот Синдикат на сообраќај и врски Мралино Илинден е запишан во Централен регистар на РСМ со датум на основање 02.10.202 година. Овластено лице на синдикатот, како и на струковиот синдикат на Контролите на Летање-ССКЛ Мралино, Илинден кој е репрезентативен Синдикат кај работодавачот е запишано лицето Александар Тасевски-Претседател.

Акционерското друштво М-НАВ АД Скопје, на ден 12.04.2022 година со Струковиот синдикат на контролорите на летање-ССКЛ, склучиле спогодба со која постигнале согласност во врска со динамиката на враќање на средствата кои се задржани од работниците за 2020, 2021 и 2022 година, согласност да се изврши промена на систематизацијата на работните места кај работодавачот, како и подобрување на условите за работа.

Со оглед дека наведената спогодба не била почитувана од страна на работодавачот, на ден 05.05.2023 година, Синдикалниот одбор на ССКЛ донел одлука за отпочнување на штрајк на ден 14.06.2023 година, за што писмено го известил работодавачот .Во известувањето е наведено дека најавениот штрајк нема да започне доколку се спроведе постапка за мирно решавање на колективниот работен спор. Од доставените барања кои синдикатот ги додставувал до работодаавчот се утврди дека истите содржат барања за остварување економско социјални права.

Министерството за труд по службена должност покренала постапка за помирување и за помирувач од Регистарот на помирувачи и арбитри го определил лицето Лазар Јовевски.

По одржаниот состанок помеѓу Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје и ССКЛ наведените страни склучиле спогодба во врска со наведените барања.

Со оглед дека на ден 14.08.2023 година бил потпишан Колективниот договор и Анексот 1 Претседателот на Синдикатот го известил Управниот одбор дека штрајкот закажан со почеток за 15.08.2023 година се става во мирување.

Помирувањето завршило без конкретни постигнати спогодби и двете страни и понатаму ќе продолжат со взаемна комуникација за изнаоѓање на позитивно решение на настаниот спор.

Со оглед да не е постигната конкретна спогодба од двете договорни страни ССКЛ писмено го известува Управниот Одбор дека ке го реактивира штрајкот со почеток од 10.01.2024 година.

До денот на вршење на инспекцискиот надзор иако од страна на синдикатот штрајкот во неколку наврати бил писмено најавуван на работодавачот истиот никогаш не бил започнат.

Државен инспекторат за труд

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан