• четврток, 26 декември 2024

Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација

Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал - османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески. вг/сп/

Остани поврзан