• сабота, 23 ноември 2024

Државна матура во Прилеп ќе полагаат 702 матуранти

Државна матура во Прилеп ќе полагаат 702 матуранти

Прилеп, 29 мај 2024 (МИА) - Вкупно 702 матуранти од петте средни училишта во Прилеп ќе ја полагаат државната матура. Со полагањата почнуваат на 1 јуни кога е матурскиот испит по македонски јазик, а потоа на 8 јуни кога се полага математика или странски јазик.

Најголем број матуранти се во две од петте средни училишта: во гимназијата „Мирче Ацев“ се 205, а во електромашинскиот училиштен центар 195 матуранти кои ќе полагаат. Во медицинското училиште за државна матура се подготвуваат 166, во економско-правното „Кузман Јосифоски Питу 76, а во хемиското училиште „Орде Чопела“ ќе полагаат 60 матуранти.

- Се е подготвено за полагањата на матурантите. Им посакуваме успех и да покажат што научиле во четирите години образование, вели Цветанка Ѓорѓиоска, директорка на електро-машинското училиште „Ристе Ристески Ричко“. ем/ир


Фото: МИА

Остани поврзан