• петок, 27 декември 2024

Државна изложба на расни кучиња, наредниот викенд во Куманово

Државна изложба на расни кучиња, наредниот викенд во Куманово
Куманово, 10 септември 2022 (МИА)-Наредниот викенд во Куманово ќе се одржи државната изложба на расни кучиња и специјализираната клупска изложба на кавкаски овчар, соопштија денеска организаторите кинолошко друштво „Кинолог“ од Куманово кој настанот го организира во соработка со македонскиот клуб на кавкаски овчар. Изложбата ќе се одржи на градскиот кеј на  17 и 18 септември 2022 година, со почеток од 10 часот. Претседателот на кинолошкото друштво, Марко Митровски рече дека ќе се одржат две посебни изложби, првата ќе се одржи во саботата, втората во неделата. Судии од државата и Србија ќе ги оценуваат кучињата. - Станува збор за судии со меѓународно искуство. Пријавувањето трае до 15 септември, пријавите исклучиво се по електронски пат, линковите се достапни на фан -страната на „Кинолог“ Куманово, изјави Митровски. Тој очекува гости од надвор како и претходните години од државите од Европа. - Предвидени се награди за сите учесници, за најдобрите пехари за сите категории, појасни Митровски. Годинава, изложбата се организира со поддршка на бизнис заедницата и на општина Куманово и градоначалник на Куманово.ам/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан