• петок, 27 декември 2024

Државата ќе одговори на секој што се обидува да го руши уставниот поредок, вели Спасовски

Државата ќе одговори на секој што се обидува да го руши уставниот поредок, вели Спасовски
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска прашан од новинарите дали МВР има преземено нешто околу најавата за формирање политичка партија „Република Илирида“ беше дециден дека за тоа што е во делот на следење на состојбите во однос на радикализмот или екстремизмот, постојат служби што работат не само во МВР, туку и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тој нагласи дека МВР нема никаква надлежност во делот на регистрација на политички партии, на здруженија на граѓани, туку има регистрациони судови кои се занимаваат со ваква активност. - Ние ќе одговориме на секој предизвик што е од делот на безбедноста без разлика од каде тој доаѓа. Државата во секој момент ќе одговори на секој еден што е подготвен да го руши уставниот поредок на РС Македонија, изјави министерот Спасовски по денешната работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. Тој се осврна на тоа дека службите во МВР, посебно во делот на екстремизмот и во делот на тероризмот многу сериозно работат, а досега, истакна Спасовски, направивме се и се спречени неколку обиди што биле за организирање ќелии, на групи за спроведување на вакви дејности и активности. Спасовски по барање на новинарите информира дека уапсениот во Турција Бобан Томовски, македонски државјанин, кој како што објавија турските медиуми бил соработник на Седат Пекер, не се барал по ниту еден основ на територијата на РС Македонија, е уапсен во Турција и согласно законските прописи ќе се преземат понатамошните мерки и за екстрадиција и за носење одговорност. цр/ац/

Остани поврзан