• недела, 24 ноември 2024

Државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар во Скопје

Државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар во Скопје
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со корона кризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги. Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата, рече Ковачевски по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје во одговор на прашање како мислат да му помогнат на Клиничкиот центар во Скопје да ги подмири долговите што ги има за неплатена електрична енергија по најавите на ЕВН дека ќе ги исклучи доколку не го сервисираат долгот.вј/лв/

Остани поврзан