• сабота, 23 ноември 2024

Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“, тврди вицепремиерот Груби 

Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“, тврди вицепремиерот Груби 

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридроите 8 и 10д Артан Груби.

Тој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката  ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанновска-Давкова  во однос на повиците пто ги упатува за вработувања во конзорциумот „Бехтел и Енка“, што според пратеничката е настпување како менаџер и портпарол на приватна фирма со пари на даночните обврзници.

-Се сеќавам во минатото, ако не се лажам во три валди што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година, при секоја странска инвестиција, нели тогашниот премиер, министер за финансии или било кој друг велеше дека се отвараат 1.000 нови работни места и ги повикуваше граѓаните да се вработуваат во тие компании, во индустриските, економските зони. Така беше една цела кампања на целата таа вмроовска Влада да се отвараат работни места во приватниот сектор и ги повикуваа граѓаните да се вработуваат. Ништо не е различно со овој проект, којшто го финансира државата и којшто овозможува над 2.000 работни места за наши граѓани да се вработуваат, рече Груби.

Тој побара и пратениците од ВМРО - ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да конкурираат на работните места кои ги бара конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници во земјава.

Во однос на тоа дали се платени пенали кон конзорциумот од страна на државата посочи дека податоците се јавни и ги има во ресорните министерства и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Пратеничката Силјановска-Давкова му возврати на првиот вицепремиер во Владата, Груби дека и тој бил во иста влада со ВМРО-ДПМНЕ,  порачувајќи му дека треба да брани општо добро, а не да делува како да е вработен во конзорциумот „Бехтел и Енка“. вдј/лв/

Остани поврзан