• четврток, 19 декември 2024

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ Тетово со подготовки и за премиера на приказната за „Пепелашка“

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ Тетово со подготовки и за премиера на приказната за „Пепелашка“

Тетово 31 март 2023 (МИА) - Драмското студио „Летечка театарска трупа“-Тетово се подготува за премиерна изведба на претставата за деца „Пепелашка“ во режија на Владимир Јовановски. Премиерата се подготува за 18 април во 19:00 часот, на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а репризата следниот ден на 19 април.-„Пепелашка“ е бајка и првенствено е наменета за публика од предучилишна и училишна возраст од прво до петто одделение, но режисерскиот концепт на нашата Пепелашка е замислен така што претставата е подеднакво интересена и за возрасна публика. Класичната пиеса е преработена со вметнати реплики и називи за да се даде современ наратив, но притоа задржано е класичното сиже. Преку оваа приказна на публиката ѝ се пренесуваат пораки за позитивните и негативните човекови особини јасно отсликани во карактерите на позитивните и негативните ликови. Клучно е што преку ликот на Пепелашка и преку сè што таа ќе преживее, сепак се доаѓа до заклучокот дека со добрина, учтивост, скромност и искреност се доаѓа до посакуваната цел, најмногу до вистината, вели режисерот Владимир Јовановски.За оваа претстава ќе има оригинални костими, живописна сценографија, хор кој пее во живо, брзи сцени но и темелни пораки до публиката.-Претставата нуди исклучително широка можност за актерска импровизација, испреплетиувајќи ги пораките за архетипното добро кај човекот наспроти негативните карактеристики кои човештвото не ретко ги носи во себе. Интеракцијата на релација актер – публика е карактеристиката која се труди да ја постигне режисерскиот пристап на нашата верзија на Пепелашка. Претставата е работена околу осум месеци. Во неа учествува целиот ансамбл на Летечка театарска трупа. За време на пробите младите актери се стекнуваат со знаења за сценските движена и говор, доловувањето емоции, театарските правила и воопшто целиот процес на создавање на една претстава. Ова придонесува не само кон нивен развој како актери, туку и како здрави личности. Конечниот производ – театарската претстава е само круна на целиот вложен труд, потенцира Владимир Јовановски.Како што веќе извести МИА, Летечка театарск група, работи и на уште една премиера-„Црвенкапа“ во режија на Зоран Јовановски, со премиера на 11 април и реприза на 12 април. 

Двете претстави се само почеток на она што Летечка театарска трупа го најавува како репертоар за оваа театарска сезона зашто со повеќе тетарски премиери годинава одбележува 15 години постоење.ас/

Остани поврзан