• сабота, 06 декември 2025

Драган Цветковиќ ја освои првата награда за органски производи на Меѓународната научна конфереција во Копаоник 

Драган Цветковиќ ја освои првата награда за органски производи на Меѓународната научна конфереција во Копаоник 

Куманово,  24 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Комората на органски производители, основач на здружението „Живот“ и сопственик на компанијата „Адут ГВН“, Драган Цветковиќ е добитник на повелбата „Долина на кралевите, вековите и јоргованите“, која традиционално се доделува на Меѓународната агробизнис конференција одржана во февруари во Копаоник, Република Србија. Ова е прва награда за македонски претставник, која му е доделена на Цветковиќ како признание за придонесот во подобрување на конкурентноста и зголемување на пазарната валоризација на органските производи и услуги.

Цветковиќ ја добил наградата за неговиот ангажман за продлабочување на врските помеѓу деловниот сектор и научната заедница, што влијае позитивно во областите на агробизнисот. Тој е еден од сеумте добитници на меѓународната конференција.

-Конференцијата има два дела за презентација на научни трудови и вториот дел за награди за поединци од областа на агробизнисот и науката. Членови се и нашите факултети од Скопје, Штип и Битола, имаше трудови од наши научници, а ние од бизнис секторот кои даваме придонес за развојот на односите учествуваме во работни групи и панел дискусии. Оваа се издвојува по начинот на бодување, номинирање на добитниците, по што стручниот одбор ги оценува кандидатите. Чест ми е што ја добив престижната награда, изјави Цветковиќ.

Централна тема на годинешната 11-та „МАК 2024“ била „Храна на иднината – визија на Србија, регионот и Југоисточна Европа“. На конференцијата присуствувале претставници од 15 земји. Покрај здружението „Живот“, на конференцијата учествувале и други здруженија од Куманово, Скопје, Прилеп, факултети, Комората на органски производители на Македонија.

- Искуствата се непроценливи. Едноставно увидовме колку е напредната технологијата, примената на вештачката интелигенција, начинот на размислување, користење на современата технологија при спроведување на бизнис идеи, рече Цветковиќ.

Меѓународната научна агробизнис конференција МАК 2024 е настан во област на агробизнисот и има клучна улога во градење на платформа за истражувачите, стручните лица и стопанствениците, со цел да се запознаат и разменат искуства, знаења од област на науката и праксата, научно-истражувачките резултати кои претставуваат перспектива за развој на соработка во оваа област.Конференцијата беше организирана од Научниот бизнис центар „WORLD“ од Краљево во соработка со Институтот за заштита на билки и животна средина од Белград и Центарот за истражување, наука, образование и посредување „CINEP“ од Белград. Соорганизатори на Меѓународната агробизнис конференција „МАК 2024“ се престижни факултети од Србија и странство. ам/фф/

Фото: Приватна архива на Драган Цветковиќ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан