• недела, 10 ноември 2024

ДПТ: Предлог измената на Законот за матична евиденција е неприфатлив за нашата партија и за нашите членови

ДПТ: Предлог измената на Законот за матична евиденција е неприфатлив за нашата партија и за нашите членови

Скопје, 27 јуни 2023

Како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), уште еднаш чувствуваме потреба да ја информираме јавноста околу предлог измената на законот за матична евиденција која е во собраниска процедура. Законот за измени и дополнување на законот за матична евиденција, кој две години по ред беше на дневен ред во собранието и беше симнат од дневен ред по интервенцијата на нашиот Претседател и Пратеник Др. Бејџан Илјас, дефинитивно е неприфатлив предлог за нашата партија и за нашите членови.

Со промената на законот се дава право на граѓаните да го сменат својот пол само со изјава заверена на нотар, што во иднина ќе им овозможи и со промена на полот во личната карта да склучуваат и хомосексуални бракови.

Поради овие причини јасно и недвосмислено им пренесуваме на  тие кои го предлагаат овој предлог на закон и на оние кои ги поддржуваат овој и слични законски измени, дека како ТДП и како Турци кои живеат во нашата земја, категорично ќе се спротивставиме кон истите.

Ние сме длабоко убедени дека манипулацијата со биолошкиот пол, кој е создаден природно, со цел да се поддржи традиционалната семејна структура на нашето општество, е многу опасен предизвик за нашите идни генерации.

Како граѓани Турци на Република Северна Македонија, со голема почит ја информираме јавноста и објавуваме дека секогаш ќе стоиме против вакви и слични иницијативи кои се во спротивност со нашата традиционална семејна структура и нашите духовни вредности.

Демократска Партија на Турците

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан