• петок, 20 декември 2024

До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Најдоцна до 30 април на полноќ избирачите кои се болни или немоќни треба да се пријават во Општинските изборни комисии за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат за изборите за пратеници и за вториот круг од претседателските избори. 

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ, стои во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор. 

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан