• петок, 20 декември 2024

До 15 часот во Центар Жупа излезноста 32,8 отсто

До 15 часот во Центар Жупа излезноста 32,8 отсто
Дебар, 20 август 2022 (МИА) - Во општина Центар Жупа до 15 часот правото на глас го оствариле 2352 лица, што е блиску до исполнување на потребниот цензус од 2385 гасачи. - До 15 часот правото на глас го остварија 2352 лица или 32,8 отсто од 7.154 колку што изнесува вкупното гласачко тело. Споредено со повторените избори во април годинава излезноста до 15 часот е поголема за 8,69 отсто. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори. До сега немаме никакви поплаки, изјави Неџип Илјаз, претседател на ОИК. Од текот на изборите се задоволни и граѓаните. - Го реализиравме нашето уставно право. Се е во најдобар ред. Посакуваме така да мине целиот изборен ден, велат жители на оваа печалбарска општина. Правото на глас денеска треба да го остварат 7154 лица, а се гласа на 16 гласачки места. вт/фф/

Остани поврзан