• среда, 25 декември 2024

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа 9,34 односно 9,38 отсто

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните избори,  во Центар Жупа 9,34  односно 9,38 отсто

Дебар, 8 мај 2024 (МИА) - Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезeност од претпладневните часови.

-До 13 часот во општина Дебар правото на глас за претседателските избори го искористиле 1710 лице или 9 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица во единствениот избирачки список. На парламентарните избори правото на глас го искористиле 2835 или 15 отсто од 19.311 лица. Денеска, како и минатиот изборен ден,  во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

И во соседната општина, Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз,  изборниот ден минува во фер и демократска атмосфера.

-Во нашата општина до 13 часот правото на глас, на претседателските избори,  го остварија 688 граѓани или 9,34 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 692 лица  или 9,38 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Поголема излезeност очекуваме во подоцните попладневни часови, вели Илјаз.

Излезeноста во првиот круг од претседателските избори, на 24 април, до 13 часот, во Дебар беше 13 додека во Центар Жупа 9,12 отсто. вт/сст/

 

Фото: МИА
 

 
 

 

 

Остани поврзан